Промени тема
Контакт

Корупција видлива од авион, во режија на Ковачевски и Груби 4 експерти од надзорот за 1 месец наплатиле 900.000 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-696x393-1

Корупција видлива од авион, во режија на Ковачевски и Груби 4 експерти од надзорот за 1 месец наплатиле 900.000 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„4 експерти на Конзорциумот воден од ИРД наплатиле 900.000 евра за 1 месец преговарање со изведувачот. Останатите 300.000 евра ќе ги наплатат до крајот на изведбата.

Со договорот кој го застапуваа Ковачевски и Груби секој од овие 4 преговарачи поединечно наплатил 225.000 евра за 1 месец работа.

— реклама —

Владата мора да одговори зошто во тендерот за надзор го вклопила и тендерот за правен трансакциски советник, но и зошто воопшто им се бара правен трансакциски советник, кој би го подготвувал договорот, кога владата има служби и институции кои можеле тоа да го направат?

— реклама —

Која е оправданоста 4 лица за еден месец работа да земат 225.000 евра поединечно?

И медиумите и граѓаните и сите општествени чинители гледаат коруптивност во џдоговорот со надзорот, само ЈО и ДКСК со денови молчат.

— реклама —

ЈО не треба да чека, туку веднаш да отвори постапка. Зошто непостапувањето е еднакво на соучесништво, а еден ден ќе треба да одговорат зошто не постапиле, но и да одговараат за тоа“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања