Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Корупциски скандали и превирања во ВМРО-ДПМНЕ со заеднички именител – пари, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-1

Не помина цела година од локалните избори, а ВМРО-ДПМНЕ го покажа своето вистинско лице, вели СДСМ

— реклама —

„Се потврди дека не им се важни интересите на граѓаните, туку само парите, криминалните тендери, провизиите, партиските вработувања и личните интереси.

Шпицниот градоначачник Христијан Мицоски и скопската градоначалничка Данела Арсовска се скараа, не за идеолошки или политички прашања, туку за јавните пари, за тендер вреден 136 милиони евра.

— реклама —

Нивната кавга може да го загрози проектот за пречистителна станица за Скопје, исто како што им останаа ненабавени ветените 250 еколошки автобуси, за чија набавка Мицкоски и Арсовска заедно преговараа.

— реклама —

Во ВМРО-ДПМНЕ заглавени во деструкции и криминал, превирањата им станаа јавни, со парите како заеднички именител.

Јавноста се увери дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, шпицниот градоначалник Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор.

— реклама —

По криминалниот проект Скопје 2014, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да приредат нова катастрофа Скопје 2024“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања