Кошаркарките на „Бадел“ остануваат непоразени во лигата, вчера ја победија екипата на „Вардар“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Спорт
IMG_1752

По синоќешниот дерби натпревар помеѓу двете непоразени екипи од првата женска кошаркарска лига ЖКК „Бадел 1862“ и „Вардар“, клубот од Кисела Вода на гостински терен во СРЦ „Кале“ извојува голема победа, со резултат 71-84 (20:21,19:15, 14:27 и 18:21).

— реклама —

-И покрај тоа што полувремето заврши со водство на домашната екипа со 3 поени разлика, нашите кошаркарки во второто полувреме одиграа значително поквалитетно, поагресивно во одбрана и поефикасно  во напад, така да за кратко време  го преземаа водството и не го испуштија до крајот на натпреварот. Со оваа победа остануваме единствената непоразена екипа во лигата. Со сигурност можам да кажам дека нашиот клуб ќе биде лидер на првиот дел од натпреварувачката сезона - изјави Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК „Бадел 1862“.

— реклама —

За овој голем успех на „Бадел“ најефикасни на теренот беа Александра Стојановска, со постигнати 26 поени и 16 годишната репрезентативка Наталија Секуловска со 17 поени. Заслужни за победата се и Сања Адамовска 15, Цветанка Димова 15, Сандра Лазареска 8, Сара Петровска 3, Катерина Поп Димитрова, Сара Максимовска, Наталија Гаревска и Ева Анастасова.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања