Кошаркарските клубови „Ангели“ и „Бадел 1862“ од Кисела Вода ја продолжија серијата победи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
IMG-bf8f9866984388f2f9bb1ec797790715-V

Оваа седмица, сениорските екипи на кошаркарските клубови „Ангели“ и „Бадел“ од Кисела Вода ја продолжија серијата победи.

— реклама —

Во рамките на третото коло од првата женска кошаркарска лига - запад, ЖКК „Бадел 1862“ убедливо со резултат 90:37 (25:10,28:6,21:13 и 16:8) ја победи екипата на ЖКК „Трокал“ од Кавадарци. Во текот на целиот натпревар на теренот доминатни беа кошаркарките на „Бадел 1862“, од кои со најмногу постигнати поени се истакнаа Цветанка Димова 21 и Сања Адамовска со 20 поени, по нив заслужни за големата победа се и Драгана Јоловиќ 14, Наталија Секуловска 10, Марија Димитријевиќ 6, Сандра Лазареска 5, Сара Максимовска 5, Мартина Маркоска 5 и Мартина Блажевска со 4 поени.

— реклама —

Од противничката екипа најефикасни беа Лиле Миткова со постигнати 13 поени и Љубица Бошкова со 12 поени.

— реклама —

И кошаркарите на „Ангели“ од Кисела Вода со резултат 90:54 остварија убедлива победа над екипата на „Про баскет“ од Радовиш. Со оваа победа сениорската екипа на „Ангели“ се задржа на првото место на табелата во втората кошаркарска лига.

Од екипата на „Ангели“ најмногу поени постигнаа Петар Прентовиќ 17, Наумовски Лука 14, и Ангел Јанев 14, по нив поени постигнаа и Ангел Кечовски 11, Давид Тодоровски 11, Максим Митевски 6, Константин Мартиновски 5, Миле Станимировиќ 4, Милорад Миновски 2, Лука Стојановски 2, Теодор Милевски 2, и Блажо Василев 2.

Натпреварите се одиграа во Кисела Вода, во спортската сала „Независна Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања