Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Космонаутко раскажа низ што минува како медицинар во корона кризата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

denis

Трае....трае...и трае. Трае предолго, очекувавме кратко, верувавме и се надевавме дека брзо ќе заврши, за месец два, ај еве три. До јуни (ланскиот, да не се разбереме погрешно) и - толку. 20 месеци...речиси две години, кој би рекол, вели Денис Јанкуловски-Космонаутко.

„Една реченица со која често се среќавам во разговори со луѓе кај што имам земано брисеви е "ќе полудам, мислам дека сум на крај со нервите".

— реклама —

Многу моменти придонесуваат за ова, изолациите, карантините, долгомесечните неизлегувања од дома, негледањата со своите најблиски но и со роднините и пријателите, монотонијата. Однеси потребни намирници и остави ги пред врата со болка во срцето што не можеш да влезеш и да гушнеш. Болка до коска....

— реклама —

Недостатокот од поздравување, гушкање, чувството на топла прегратка која дава сигурност и блискост, која е човечка карактеристика и едно од најубавите животни секојдневија. Недостатокот од визуелен момент со родителите/децата/внуците/љубовта на животот кој обезбедува топлина во срцето и енергија за денот, кој е грб во ветерот за полесно минување на тешките моменти.

— реклама —

Недостатокот во најтешките моменти на загуба на некој близок да ја споделиш болката со некој до тебе, самотијата во последното испраќање заради ете протоколи, правила и најмногу заради сечија безбедност.

Она што дополнително отежнува или што би рекле "како сол на рана" а што за мене претставува мноооогу големо оптеретување за сите е тоа она што јас го нарекувам "бескраен кружен тек". На пример имаат близок контак со некој позитивен, чекаат неколку дена за појавување на симптоми, стрепат, во грч прават тест - негативен. Супер. Но веќе во наредните неколку минути повторно влегуваат во шемата наречена "внимавај, носи маска, дезинфицирај се, немој блиску, чувај се" ииииии - пак некој сомнителен контакт, пак истиот круг - симптоми, стрепење, ев тест. И така во круг. Но тоа всушност е и единствениот начин да се дочуваме и тоа трае.....и трае....и трае.

Затоа сметам дека после оваа криза многу работа ќе имаат психијатрите, психолозите и сите стручни лица кај кои можеме да се обратиме за да ни помогнат да ги пребродиме тешкотиите со кои секојдневно се соочуваме и кои секојдневно ги складираме. Нешто што американците го викаат посттрауматски синдром, овде можеме да го наречеме посткоронски синдром.

Ќе треба многу муабети, разговори, саати па и денови, може и месеци што апсолутно не е страшно, напротив, баш е потребно и добредојдено, не треба ниту страв ниту срам за да им се обратиме, затоа се тие тука. А тие знаат што треба да направат.

Личи на бескрај, но се' има свој крај. Долго е, но ќе заврши. Јас сакам да можам да речам уште утре.

Најбитно е сите вие и понатаму да се чувате, да внимавате, да ги сочуваме тие со и околу нас и што побрзо да се видиме во живо, да се насмееме, со дооооолги прегратки, со физичко присуство. Онака како што треба како што сакаме, како што личи.

Како што е нормално.

И нема да полудиме, тоа знам 😉 Затоа си пееме, си се смееме, па макар и онлајн нека е. Тука сме, на број сме. Живи и здрави.

И уште еднаш:

Чувајте ми се за Гуш и Бац во живо“, стои во објавата на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања