Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Косовец внел кокаин во „Идризово“ додека бил во посета во затворот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
2

Основното јавно обвинителство Скопје  поднесе обвинение до Основниот кривичен суд Скопје против косовски државјанин кој се товари дека при посета на затвореник донел дрога во затворот Идризово.

— реклама —

„Обвинетиот на 31 јануари во просториите на Казнено-поправната установа ‘Идризово’ во Скопје, при редовна посета на осудено лице, неовластено пуштил во промет наркотична дрога кокаин со нето-маса од 89,96 грама. При влезот во установата обвинетиот на затворскиот полициски службеник му предал пакет наменет за осуденото лице, во кој имало и една јакна. По извршениот претрес на пакетот, во внатрешниот џеб од јакната, во најлонско пакување обвиткано со селотејп, била пронајдена наркотичната дрога кокаин“, велат од Обвинителството.

— реклама —
— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото што му се става на товар.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања