Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Косово не му дозволи влез на српскиот министер за одбрана Вулин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
vulin

На српскиот министер за одбрана Александар Вулин и делегацијата за воено здравство денеска им беше забранет влез во Косово, соопшти кабинетот на министерот Вулин.

Оттаму велат дека Српските медиуми објавија дека на официјални лица од нивната земја им бил забранет влез во Косово уште минатата недела, на што косовоскиот премиер Рамуш Харадинај одговори дека станува збор за лажна вест.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека „уште еднаш се покажало дека Рамуш Харадинај лаже, а на министерот и делегацијата не им е дозволено да го посетат Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица“.

Неодамна медиумите објавија дека Приштина донела одлука да им се забрани влез во Косово на сите српски официјални претставници. Меѓутоа српската премиерка Ана Брнабиќ набрзо се огласи, додавајќи оти косовскиот премиер Харадинај го демантирал таквото тврдење.

— реклама —

Во одговорот што до добиле од Приштина се наведува дека косовските власти не се во можност позитивно да одговорат за барањето за влез во земјата.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања