Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Косово од утре ќе го укине динарот, лут Вучиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
evro

Косовските власти потврдија дека од 1 февруари ќе почне да се применува регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува плаќања во готовина и платежни трансакции исклучиво во евра, со преоден рок за граѓаните да се прилагодат на регулативата.

Според претходното соопштение на ЦБК, единствена дозволена валута на Косово ќе биде еврото, кое го исклучува динарот од платежните трансакции.

— реклама —

Практично, оваа одлука значи забрана за употреба на динарот, официјалната валута на Србија, која досега се користеше во сите мнозински српски енклави на Косово.

Платниот систем на Србија продолжува да функционира во Косово дури и по војната во 1999 година во областите населени со доминантно српско население

— реклама —

Белград: Со оваа одлука властите во Приштина се обидуваат да го протераат српскиот народ од Косово

Во меѓувреме, Белград ги обвини властите во Приштина дека со оваа одлука се обидуваат да го откажат дијалогот и да го протераат српскиот народ од Косово, а претседателот Александар Вучиќ истакна дека е убеден дека меѓународната заедница нема да го дозволи тоа.

Тој побара од Европската унија и меѓународната заедница да извршат притисок врз Приштина да ја повлече одлуката, а во меѓувреме, во средата навечер се сретна со амбасадорите на земјите од Квинте - САД, Велика Британија, Италија, Германија и Франција. Но по таа средба беше најавено дека „најава нема да има“.

„Секој формален збор би бил излишен“, изјавија за медиумите од кабинетот на Вучиќ.

Вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими, пред тој состанок потврди дека примената на одлуката на ЦБК ќе започне во четврток на 1 февруари и дека никој, па ни меѓународните партнери на Косово, не ја доведуваат во прашање законитоста на таа одлука.

Тој пред новинарите во Приштина изјави дека ЦБК во соработка со Народната банка на Србија треба да најде соодветен механизам за периодот на транзиција.

Меѓународната заедница, пак, побара оваа одлука да се одложи со оценка дека може негативно да се одрази на српската заедница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања