Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Косовски државјанин обвинет за недозволена трговија со марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

marihuana2

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетиот, државјанин на Република Косово и без пријавено живеалиште или престојувалиште во земјава, на 17.03.2019 година во близина на граничниот премин Блаце, неовластено држел 14 полиетиленски пакувања наркотична дрога марихуана.  Пакувањата биле сместени во две јутени вреќи  со вкупна нето маса од 14.050,8 грама. Дрогата била пронајдена и одземена при претрес од страна на овластени службени лица.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека и натаму постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото што му се става на товар.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања