Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Косовското МНР го осуди апсењето на поранешниот војник на УЧК во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
morina

Косовското Министерство за надворешни работи го осуди апсењето на поранешниот војник на УЧК, Томор Морина во Македонија, кој беше приведен заради српската потерница за него. Ова го изјави Џетлир Зиберај од Министерството за надворешни работи на Косово преку својот Фејсбук профил нагласувајќи дека ова е уште еден пример на политичка злоупотреба од страна на Србија, известува Клан Косово.

— реклама —

Го осудуваме апсењето на поранешниот војник на УЧК, Томор Морина, од полицијата на Северна Македонија, според дојавата на Интерпол, спонзоризирана од српската држава. Ова е уште еднаш пример за политичка злоупотреба која Србија ја прави со системот на потерници. Ние ќе го покренеме прашањето до Европската унија и ќе бараме итни мерки за спречување на ваквите случаи на злоупотреба од Србија, во спротивно ќе бидат преземени контрамерки од страна на Косово. Ние сме во контакт со властите во Скопје и веруваме дека случајот наскоро ќе се реши во духот на тесната соработка што ја имаме со Северна Македонија. Благодарност до сите авторитети во Северна Македонија, особено за тамошното албанското раководство, пишува Зиберај.

— реклама —
— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања