Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Костадинов: 20 членки го ратификуваа Протоколот, стануваме 30 членка на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kostadinov-123

Врвните национални и државни интереси се остваруваат, Република Северна Македонија станува 30 земја членка на НАТО.

Вчера, Чешка и Турција го ратификуваа Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО Алијансата. Досега 20 земји челнки од вкупно 29 го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз на светот, истакна на Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

— реклама —

Со ваквото темпо на ратификација очекувано е до крајот на годината и официјално да станеме членка на НАТО и нашето знаме да се вее пред седиштето во Брисел. Еве што значат телефонските разговори и личните средби на премиерот Зоран Заев со светските државници. Ете ги резултатите од одговорното, чесното и транспарентно работење на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ. Ете од каде се фрустрациите кај Мицкоски, од успехот на Зоран Заев.

— реклама —

Додека фрустрираниот Христијан Мицкоски дејствува против државните интереси, премиерот Зоран Заев  ги брани националните и државни интереси. Додека ВМРО-ДПМНЕ ги кочи и процесите и напредокот, СДСМ дејсвува и се залага напредокот да продолжи. Членството во НАТО е извесно и сигурно. Тоа е важно за безбедноста и стабилноста на државата, но и на регионот.  Но освен безбедност и стабилност, членството во НАТО носи и бројни економски придобивки.

— реклама —

Имаме рекордно ниво на странски директни инвестиции од 737 милиони долари, имаме зголемување за 200 проценти на грин филд инвестициите. Со членството во НАТО очекувано е инвестициите да продолжат да растат.

Имаме рекордно ниска невработеност во државата од 17,8 проценти, со членството во НАТО невработеноста дополнитено се намалува, а економијата забрзано да расте и да се развива. Зборот важи. По години изолација, ја вративме државата на вистнскиот пат, на патот кој води кон членство во НАТО и интеграција во ЕУ, истакна Костадинов.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања