Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Костадинов до Мицкоски: Повикај ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да побараат повлекувања од роднините кои се пикнати по државни компании

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_3813

Мицкоски втор ден молчи, нема образ ниту одговороност пред граѓаните. Мицкоски не ги повикува роднините во ЕЛЕМ и во администрацијата да се повлечат од работните места кои ги добиле поради близината со него и со ВМРО-ДПМНЕ, изјави Костадин Костадинов од СДСМ.

„Молчат оние што ја преполнија администрацијата со партиски и роднински кадри. Ние бараме и наоѓаме решенија за партиска администрација по мерит систем.

— реклама —

Не се сите исти.

Тие создадоа роднински чворови - цели списоци, илјадници нивни роднини се вработија на државна сметка. Ние ги повикуваме нашите членови на етика и морал и веќе имаме повлекувања од работните места.

СДСМ е против партизација и против непотизам. Акцијата тргна, нема назад.

Ајде Мицкоски, повикај го твојот прв братучед да се повелече од ЕЛЕМ турс.

— реклама —

Повикај ги Мицкоски пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да побараат повлекувања од нивните роднини кои се пикнати по државни компании и во јавната администрација.

Повикај ги роднините на пратеникот Антонио Милошоски да се повлечат.

Снаата на пратеникот Антонио Милошоски, жена на неговиот брат, Александра Милошоска е вработена во Управата за јавни приходи.

— реклама —

Вујкото на Милошоски, Владимир Коруновски евработен во Агенцијата за катастар.

Братучедот на Милошоски пак, Станко Коруновски е вработен во Централен Регистар.

Првата брачудетка на Милошоски, Елизабета Коруновска директор на основно училиште, а зетот Марјан, е раководител во државната компанија МЕПСО.

Фамилијата на Милошоски е класичен пример за непотизам од сериозни размери. Роднински јазли поставени на работни позиции кои се финансираат од парите на граѓаните, од Буџетот на државата.

— реклама —

Ајде ВМРО-ДПМНЕ, ајде Мицкоски, имаш ли образ?

Повикај да се повлечат твоите роднини и роднините на Антонио Милошоски од морални и етички причини.

Ние од СДСМ слушаме јавноста и реагираме. Вие Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ се криете во белиот дворец откако натрупавте проблеми во државата.

Време е да почне повлекувањето на роднините, во име на борбата против непотизмот“, вели Костадинов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања