Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Костадинов ги повика Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за одземање на мандатот на Груевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Ги повикуваме сите пратеници, особено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат за одземање на мандатот на бегалецот Никола Груевски.Законот почитувани граѓани, мора да важи подеднакво за сите без исклучок. Јавноста, граѓаните, ги следат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ја испочитуваат сопствената одлука донесена вчера на Извршниот Комитет, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да си ја врамат вчерашната одлука на Извршниот Комитет затоа што тоа им е единствена нивна одлука која е во согласност со уставот и законите.

— реклама —

За жал, мора да констатираме дека Мицкоски повторно нема храброст јавно да соопшти одлука и личен став за Никола Груевски бидејќи токму тој е неговиот ментор. Токму Груевски од Будимпешта го контролира Христијан Мицковски.

— реклама —

Исто како што тоа го правеше Никола Груевски и Мицкоски сака и префрла одговорност на неговите пратеници кога му е тешко, тој лично, да соопшти негов став. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека нема да смеат да се појават пред граѓаните доколку повторно го заштитат нивниот почесен претседател, истакна истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања