„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Костадинов: Ѓорѓе Иванов мора да се изјасни за вработувањата во неговиот Кабинет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Slika-Kosta-28-02

Ѓорге Иванов, исто како и Христијан Мицкоски, молчи за актуелниот случај со вработувања на ќерката на неговата советничка и основаните сомневања занепотизам односно судир на интереси, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

— реклама —

Како што го истера целиот мандат, со молчење.

Молкот мора да престане. Борбата против непотизамот, партизацијата и злоупотребата на државните институции започна и враќање нема.

— реклама —

Граѓаните очекуваат одговори и преземање на одговорност.

Анастасија Илиеска, членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на ИК на Унијата на жени, поранешна државна советничка во Министерството за внатрешни работи и директорка на УЈП, вработена е како советник за безбедност во кабинетот на Иванов.

Нејзината ќерка, Андреа Илиеска пак е вработена во Агенцијата за разузнавање, институција, што е под директна надлежност на Ѓорѓе Иванов.

Со оглед на овие информации, за овој актуелен случај во Кабинетот на Иванов постојат основани сомневања за судир на интереси.

Покрај ќерката, во државна институција работа добил и братот на Илиеска, Александар Тошески, кој е вработен во Централен регистар во Прилеп.

Ѓорѓе Иванов мора да се изјасни за овој случај во неговиот Кабинет.

Мора да ги повика роднините на Илиеска да се повлечат од работните места, во име на борбата против непотизамот.

Добро е што Државната комисија за спречување на корупцијата отвора случаи. Ги очекуваме одлуките на ова независно тело.

Најавуваме дека ќе поднесеме претставки за сите останати случаи на вработувања на роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ нуди решенија и веќе започнаа првите повлекувања. Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања