Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Костадинов: Гордана Сиљановска е пример за транзициски профитер и симбол на непотизам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

DSC_9479

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска е пример за транзициски профитер и симбол на непотизам. За време на нејзиниот мандат како министерка во првата влада во независноста, нејзиниот сопруг добива бизнис со фри-шоп, во тоа време е еден од најдоходовните бизниси, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

— реклама —

Таквиот чин на непотизам, судир на интереси и злоупотреба на функцијата, во тоа време наидува на жестока критика токму од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Собраниските архиви говорат дека Силјановска за ВМРО-ДПМНЕ воопшто не била „симбол на правото и правдата“, туку узурпаторка на функцијата и транзициска профитерка, како што била опишувана во собранието во 1994 година токму од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Меѓу нив се и тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Михаил Пановски и Александар Флоровски. Дури и самата Сиљановска во интервју на Сител телевизија призна дека фри шопот постоел, но невешто се обиде да се изземе од одговорност.

Единствениот кој го игнорира доделениот фришоп и очигледниот конфликт на интереси на Сињаановска како министерка во транзициската влада како што вели ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски.

Јасно е лицемерието на Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа загубија во првиот круг и затоа ќе загубат уште поубедливо во вториот круг. Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, симбол за непотизам, залутани во политиката да застанат на чело на државата.

На петти мај, поддршката за Стево Пендаровски дополнително ќе се зголеми, граѓаните ќе изберат вистински претседател, чесен и искрен,кој ќе води напред кон ЕУ и НАТО, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања