Промени тема
Контакт

Костадинов: Имаме чиста формулација на македонскиот јазик, потребна е конструктивност и внимателност од сите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pero-kostadinov

Со предлогот од француското претседателсто конечно добиваме чиста формулација на нашиот македонски јазик, кое едно од нашите клучни идентитетски прашања, порача вечерва потпретседателот на СДСМ во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.

— реклама —

- Конечно имаме чиста формулација на македонскиот јазик без фусноти без задршки, што беше и едно од клучните наши барања, порача Костадинов додавајќи дека со внесувањето на припадниците на бугарскиот народ во Уставот, конечно ставаме крај на митот „за еден народ, две држави“.

— реклама —
— реклама —

Костадинов повика на мудрост, конструктивност од сите општествени политички чинители кои треба да се воздржат од пласирање на дезинформации.

— реклама —

- Правото на протест е гарантирано за сите граѓани и секој може да го искаже своето мислење на различен начин. Сега сме во клучен процес за нашата иднина и сите заедно мора да покажеме мудрост и конструктивност, да ја заборавиме веќе поделбата на патриоти и предавници, да размислуваме и делуваме со ладни глави особено ние политичарите. Членството во ЕУ е стратешка цел за сите нас и затоа во овој процес мора бидеме максмално внимателни и конструктивни, заклучи Костадинов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања