„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Костадинов: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки, професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за медиумските реформи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

— реклама —

Трета години по ред, Република Северна Македонија бележи напредок во слободата на медиумите во извештајот на Репортери без граници.  Спроведените реформи, демократското владеење, почитувањето на човековите права и слободи, придонесоа за напредок на нашата држава во однос на слободата на медиумите, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Денес, за разлика од 2016 година и владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, имаме подобрување од 19 места на листата на Репортери без граници.

— реклама —

Но на ова поле, пред нас се уште има предизвици и затоа треба да се продолжи со реформите и со постојано унапредување на медиумските слободи.

Во извештајите на Репортери без граници како проблем редовно се издвојуваат работењето на Националниот јавен сервис, кој според оваа организација, се уште е под контрола и во функција на ВМРО-ДПМНЕ.

Потреба од подобрување на независноста на јавниот сервис беше нотирана и во извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја.

Затоа е важно оваа институција да се професионализира и да се дешартизира.

Јасно е зошто ВМРО-ДПМНЕ, со месеци свесно го кочеше  изборот на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ.

ВМРО-ДПМНЕ е против реформите во медиумите, против силни незавинси и професионални институции.

За да се надмине ова, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да дадат неотповикливи оставки од своите позиции како членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ.

Потребно да се изврши избор согласно новите законски одредби, што ќе значи департизирање и професионализирање и на Советот на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТ.

Професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за реформата на медиумите и унапредување на демократските вредности во државата.

Без разлика дали тоа му се допаѓа или не на ВМРО-ДПМНЕ, реформите мора да продолжат во интерес и на државата, на граѓаните, но и на медиумите, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

фото: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања