„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Костадинов: Кочоска по налог на Мицкоски кочи поддршка од 90 милиони евра од Светска банка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
13-05-2020-Kostadinov

Неодговорното и несовесно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри во техничката Влада продолжува и тоа на директна штета на здравјето на раѓаните, на државата и на економијата.

— реклама —

Дополнителната заменичка министерка за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска по налог на Христијан Мицкоски го кочи Проектот за итно справување со Ковид 19 вреден 90 милиони евра што од Светска банка треба да ги добие нашата земја, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Кочоска со недели упорно одбива да се потпише на апликацијата со што спречува сериозни средства, 90 милиони евра, наметени за борба со коронавирусот да завршат во нашата држава.

— реклама —

Овој проект, почитувани граѓани  е веќе одобрен од Светска банка. Главни цели се да се спречи, открие и да се одговори на заканата од Коронавирусот и да се зајакне јавното здравство во Северна Македонија.

Со овие средства предвидено е да се обезбеди финансирање на здравственото осигурување на ранливите корисници и ќе помогне да се заштити финансиската одржливост на Фондот за здравствено осигурување.

Дополнително, со ова ќе се финансира привремен приход на лица и домаќинства кои исполнуваат услови и се обезбедува социјална помош на ранливите домаќинства погодени од оваа криза. Очекуван опфат на нови корисници погодени од пандемијата се 15.500, а времетраењето на користење на надоместоците е предвидено да трае од 6 до 8 месеци.

Понатаму, со дел од овие средства ќе се обезбеди и лабораториска опрема, опрема за медицинскиот персонал и реновирање на дел од здравствените установи.

Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ е против сето ова. Со непотпишувањето, Кочоска работи против здравството, против поголема помош на ранливите категории на граѓани.

За ВМРО-ДПМНЕ нивните лични и партиски интереси им се поважни од здравјето и економската состојба на граѓаните.

Соочен со стравот од изборен пораз Мицкоски преку неговите кадри во преодната Владата прави сè за да им наштети на граѓаните,  секако да ѝ наштети на државата.

Никако не може да разбере дека од изборен пораз нема да помогне со тоа што ќе и нашети на државата.

Ова правење штета на граѓаните и кочење на проетките од страна на ВМРО-ДПМНЕ треба да прекине веднаш, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

фото и видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања