Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Костадинов: Координаторите на пратеничките групи, на четирите поголеми партии, се договорија Јанева да биде разрешена на посебна седница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ:

1.      Зошто го спречивте разрешувањето на Катица Јанева на оваа седница?

·         Напротив, знаеме дека тоа беше укажување и од страна на Претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека ова утро, на координацијата кај Претседателот, сите координатори на пратеничките групи, на четирите поголеми партии, е договорено, точката за разрешувањето на Катица Јанева да биде на посебна седница. На тоа се согласи и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ. Јас, не гледам ништо друго, освен очаен обид од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да ја дефокусира јавноста од сето она што се случуваше на вчерашната лидерска средба. Како што кажав и во изјавата, тоа е последен обид на Христијан Мицкоски да ги амнестира криминалите на неговиот вистински шеф, како и криминалите на дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Откако не му успеа тоа, ова е јалов обид за дефокус на јавноста.

— реклама —

2.      Можете ли јавно да гарантитрате дека ќе се одржи таква седница пред 15ти септември?

·         Јас не сум претседател на собранието. Околу одржувањето на седниците и текот на седниците во рамки на Собранието на Република Северна Македонија, ве упатувам да се обратите кај Претседателот, Талат Џафери.

— реклама —

3.      Кои се ваши следни потези во однос на Законот за ЈО, дали ќе продолжи процедурата за Законот за ЈО?

·         До сега вложувавме и треба да вложуваме максимални напори, во однос на постигнување на консензус околу Законот за Јавно Обвинителство и околу други закони кои што се важни за сите граѓани и ги тангираат сите граѓани, без оглед на нивнота партиска, етничка и било каква друга определба. Јас, верувам дека, ќе дојде ред законот да дојде во собраниска процедура и очекувам дека сите пратеници, без исклучок ќе гласаат во име на правдата и во име на правната држава.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања