Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Костадинов: Лажниот патриот Дурловски во сред пандемија купува хектари земјиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Еден од водачите на протестите За заедничка Македонија и упадот во Собранието, а денес носител на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дуроловски, својот наводен патриотизам го покажува со купување на хектари македонска земја, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Овде, во Свети Николе, Дурловски заедно со уште пет други лица купиле 12 хектари земјиште.

120.000 квадратни метри земјиште купил фејк патриотот Дурловски заедно со уште 5 други лица.

— реклама —
Неодамна во јавноста излегоа информации дека Дурловски заедно со водачите на протестите и крвавиот четврток добиле 200.000 евра за своите активности.

Дали со парите за напад врз пратеници и новинари, денес лажниот патриот Дурловски купува десетици илјади квадрати македонска земја?

— реклама —

Дали со парите за крвавиот четврток, денес Дурловски станува земјопоседник?

Додека глумат загриженост за граѓаните, функционери на ВМРО-ДПМНЕ купуваат хектари земјиште низ државата. Класично лицемерие на фејкњуз партијата ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Уште еднаш се потврдува дека и Дурловски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ мислат само на свои, лични и бизнис интереси и воопшто не се грижат за граѓаните и државата.

Таквото нивно незрело, неодговорно и несериозно однесување уште еднаш ќе биде казнето од граѓаните, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања