Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Костадинов: Мицкоски, Николовски, Милошоски, Каракамишева навиваат да не добиеме датум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ гласно навиваат да не добиеме датум за преговори и нашата земја да не ги започне проговорите со ЕУ. Сите соработници на Мицкоски со јавни изјави дејствуваат против државните и интересите на граѓаните.   Тања Каракамишева, советничката на Мицкоски, јавно побара од државите членки на ЕУ да не дозволат да ги започнеме пристапните преговори, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Токму Каракамишева Мицкоски ја носеше на лидерските средби како негова десна рака. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски исто така јавно се залага за недобивање датум за почеток на преговорите со ЕУ.

— реклама —

Николовски нема никакво право да зборува за стандарди на ЕУ. Александар Николовски е човекот кој вечерта на 27 април беше покрај Груевски, во Виена.

Човекот кој ја туркаше државата во безизлез, а народот во судир може за успесите на Владата на СДСМ во исполнување на ЕУ стандардите да прочита во најпозитивниот извештај на ЕУ објавен досега.

— реклама —

Еден од соработниците на Мицкоски е и Антони Милошоски за кого стандардите на ЕУ се мисловна именка. Одлуката на Судот за човекови права во Стразбург за незаконската лустрација е директно  поврзана со дејствувањето на Антонио Милошоски.

Во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт а овие соработници на Мицкоски беа дел од режимот, Северна Македонија беше држава заробена од неговиот партиски лидер Никола Груевски.

— реклама —

Северна Македонија е просперитетна, демократска држава која се бори за својот напредок на европска сцена по 10 години уназадување од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со напредокот на државата, не можат да се помират со тоа што го добивме најпозитивниот извештај од Европската комисија и безусловна препорака за почеток на преговорите.

Денес сме блескав пример ослободен од стегите на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се изолирани во деструктивното и антидржавно делување. Не успеаја да ја вратат државата во темното минато на криминал, изолација и неизвеснот. Нема да успеат ниту овој пат. Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ, веќе де факто е членка на НАТО, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања