Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Костадинов: Мицкоски се профилираше како главен извор на лажни вести и невистини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_0598

Последната конструкција нарачана и спроведена од кујните во белиот дворец и нивните курири, e целосно разоткриена, нема никакво местење тендер за опремата на М-Нав, тоа е уште една од многуте лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ . Фактите за овој случај ги потсетија граѓаните за неспособноста на ВМРО-ДМННЕ, непотизамот и нивните сомнителни шеми, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Над пет и пол години ВМРО-ДПМНЕ не била способна да обезбеди нова опрема за македонското небо. Се одело до таму во неодговороноста, да биде загрозена безбедноста на граѓаните, безбедноста на нашето небо.

— реклама —

Меѓу оние коишто директно се поврзани во овој случај е и таткото на Никола Поповски, поранешниот министер за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е и потписник на јавната набавка. Денес, истата таа ВМРО-ДПМНЕ шурува со луѓето кои ја ставиле на ризик безбедноста на граѓаните, креира случаи и шири лажни вести.

— реклама —

По сите искажани невистини, по сите демантирани лаги, по сите измислици, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и јавно да се извини за сите изнесени невистини.

— реклама —

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште должат одговори:

Каква е поврзаноста меѓу Јанакиески, Мисајловски, Јанушев и Чепуњоски?

Зошто не се потпишувал договорот со компанијата која била избрана на тендерот?

Почитувани,

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Немаат план, немаат идеја, ништо добро или конструктивно за граѓаните.

Тоа e истата партија заглавена во одбрана на криминалот на Никола Груевски и ширењето лажни вести, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања