Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Костадинов од Босилово: Со СДСМ земјоделците добиваат силна поддршка, а државата има сигурна европска иднина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов попладнево се обрати на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во општина Босилово.

— реклама —

Пред присутните Костадинов истакна дека СДСМ во своите политики во изминативе години на дело покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.

— реклама —

- Во време на светска економска криза ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, следуваше усогласување на платите во многу сектори каде денеска вработените добиваат повисоки плати. Со пензионерите договоривме рекордно зголемување на пензиите, а преку два пакети мерки вредни над 760 милиони евра им помагаме на најранливите категории граѓани. Во време на светска криза за храна посебен фокус ставивме на земјоделството. Ги исплативме сите неисплатени субвенции кон земјоделците, ги субвенционираме трошоците за набавка на вештачки ѓубрива, а од следната година воведуваме нов поефикасен и поправеден систем на субвенции со цел земјоделците навреме да ги добиваат своите субвенции, порача Костадинов.

Костадинов посочи дека покрај грижата за сите граѓани, СДСМ како државотворна партија, посветено работи и на обезбедување на европската иднина на државата.

— реклама —

- 17 години бевме во чекалната на ЕУ, а сега конечно влеговме во процесот на преговори за членство и тоа како Македонци со заштитен македонски јазик и потврден македонски идентитет. Членството во ЕУ е врвна стратешка цел на многу генерации македонски полиитчари и таа цел можеме да ја оствариме заедно со останатите политички субјекти.

— реклама —

Последната помош од 80 милиони евра за справување со кризата, како и проектите финансирани од ИПАРД програмите се само дел од фактите што докажуваат колку ЕУ е важна за нас како држава и општество. Нашата иднина е во ЕУ, а токму ние, токму СДСМ ја обезбедува таа иднина, заклучи Костадинов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања