Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Костадинов: По 13 години имаме подобрување на кредитниот рејтинг, економијата расте и се движи во добар правец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

По 13 години, нашата држава конечно има подобрување на кредитниот рејтинг. Ренормираната агенција „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија од ББ на ББ+, со стабилен изглед. Уште една потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

По години стагнација и сиромаштија,  економијата расте и се движи во позитивен правец.

— реклама —

Од – 1,8 во последните месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за помалку од две години економијата бележи раст од 4,1 отсто во првиот квартал од 2019 година. За само една година, странските директни инвестиции пораснаа за 260 отсто, што ја прави нашата држава прва во регинот по раст на странски инвестиции.

— реклама —

Тоа е потврдено и во „Извештајот за инвестициите во светот 2019“ на Конференцијата на Обединетите  нации за трговија и развој. Рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 и активните мерки за вработување, придонесоа стапката на невработеност да падне на историски минимум од 17,8 отсто.

— реклама —

Ова не се само обични бројки, ова се реални позитивни придвижувања на економијата во интерес на граѓаните и државата.

Со извесното членство во НАТО и забрзувањето на интеграцијата во ЕУ, очекувано е позитивните трендови да продолжат, но и дополнително да се интензивираат. Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе инвестиции, намалена невработеност и повеќе пари во секое семејство, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања