Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Костадинов: Пораките од нашите партнери, САД и ЕУ се јасни, правната држава мора да функционира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на сценарио Република Северна Македонија да не добие датум за преговори со ЕУ. Токму затоа не сакаат СЈО да продолжи со работа и се противат на носењето на Законот за Јавно обвинителство. Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се огради од Никола Груевски, лидерот во сенка на партијата и да престане да работи по негови инструкциии. СЈО мора да продолжи да постои, режимот кој е зад нас остави длабоки последици врз државата. Ако Мицкоски е за право и правна држава, тогаш нека се извини за сите злодела кои претходното раководство на партијата ги правеше врз државата, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Целокупната јавност, меѓународната заедница, сите порачуваат дека времето на политички игри е завршено. Сите пораки од САД и ЕУ се јасни, правната држава мора да функционира. Ако навистина е за правда, ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за ЈО за да се зајакнат капацитетите на правната држава.

Пораките се јасни: САД силно ја поддржуваат Северна Македонија во реализацијата на своите стратешки цели – полноправното членство во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ. Северна Македонија постави пример во решавањето на политичките прашања и отворањето на подобри перспективи за своите граѓани.

— реклама —

Дури и специјалниот претставник на САД, за Западен Балкан, Метју Палмер повтори дека правната држава мора да функционира, а времето на партиските игри и обиди да се избегне одговорноста е завршено. Местото на Северна Македонија е во НАТО и ЕУ јасно порача Палмер.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ е против СЈО затоа што нивните претходници мора да одговараат за криминалите кои ги правеа на штета на граѓаните.

— реклама —

Но, бегство од правдата нема да има. Секој за кого низ судска постапка ќе се докаже дека го прекршил законот, ќе одгововара за своите постапки и тоа нема да зависи од неговата верска, етничка или политичка припадност, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања