Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Костадинов: Потребата од носење на Законот за ЈО е суштинска и во интерес на воспоставувањето на правната држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Kостадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, одговараше на новинарски прашања. Во продолжение прашањата и одговорите:

П1: Во однос на промените во СДСМ, и давањето на шансата на младите, како од владејачката партија се коментираат обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека токму ваквите промени во СДСМ се наводно поврзани со случајот „Рекет“ и евентуалн инволвираност на високи партиски функционери?

— реклама —

Kостадин Костадинов: Она што го знаеме за каква било инволвираност ќе ви одговорам во две фази на вашето прашање прво на претпоследниот Централен одбор на партијата донесовме Декларација за бескомпромисна борба против корупцијата, во тој аспект повикуваме да надлежните институции го расчистат до крај случајот и се утврди вина за сите којшто го прекршиле законот, немаме никаква намера да штитиме било кој за кого во транспарентна постапка ќе се утврди дека го прекршил законот, вклучително и за членови и на СДСМ. Но на ниту еден можен начин, тоа не може да го поврземе со промените којшто се случуваат во СДСМ и ќе се случуваат затоа што нашата намера е јасна, промените се сосема нормална појава за една демократска партија каква што е СДСМ и тие на ниеден начин не можат да бидат поврзани со било која афера што се случува во државата или би се случила.

— реклама —

— реклама —

П2: Премиерот Заев вчера најави дека денеска продолжуваат работните групи за Законот за Јавното обвинителство, зошто денеска нема среда и кога се планира да има средба?

Kостадин Костадинов:Очекувањата беа дека денеска ќе продолжат разговорите помеѓу преговарачките групи од партиите, немам инфорамција кога би се одржала денеска средбата и на кое место. Очекуваме како партија и јасно апелираме дека на првата седница по завршувањето на одморите на пратениците, ќе биде Законот за Јавното обвинителство. Суштинска е потребата од носењето на еден таков закон, а се во интерес на воспоставувањето на правната држава во Република Северна Македонија. Очекувам дека сите мои колеги пратеници дека ќе се издигнат навистина над партиските интереси и во функција на правото, правната држава и секако во интерес на граѓаните со консензус да го донесеме Законот за Јавното обвинителство.

П3: Дали е возможно во скоро време да имаме работни групи во врска со Изборниот законик и Законот за попис?

Kостадин Костадинов: Очекувањата се како што најавувавме, да има континуитет во разговорите во однос и на Законот за попис, секако и за Изборниот законик, доколку имаме било какви детали вие медиумите навремено ќе бидете запознаени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања