Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Костадинов: Пратеници на СДСМ собираат потписи за свикување седница на Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Точно е дека СДСМ, дека пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија собираме потписи за  свикување на седница на Собранието.

— реклама —
Секако станува збор за иницијатива која ќе биде доставена до претседателот на Собранието господинот Талат Џафери, истакна портпарол на СДСМ Костадин Костадинов одговарајќи на новинарско прашање.

— реклама —
Костадинов додаде: Ставот на нашата пратеничка група е дека Собранието во една таква ситуација треба да биде ставено во функција . Секако сметаме дека за тоа се пропишани и сме во согласност со Уставот на државата, и затоа од таа причина сметаме дека треба да направиме уште еден обид во тој дел.

Добро е да се свика Собранието имајќи го во предвид времетраењето на оваа здравствена криза но секако и потврдувањето на одлуките на Претседателот на државата.

Би сакал да одговорам затоа што беше поставено во прашањата, дека оваа иницијатива е единствено и води единствено во таа функција.Сите шпекулации за наводен обид на нашата пратеничка група за тргнување на претседателот на Собранието, Талат Џафери секако дека ги отфрламе.

Секако правиме консултации и со пратеници од  други пратенички групи со кои го делиме истото мислење и денеска или во текот на утрешниот ден иницијативата ќе биде доставена до претседателот на Собранието, истакна портпарол на СДСМ Костадин Костадинов.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања