Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Костадинов: Растот на платите продолжува, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зголемени се платите за 5% за вработените во образованието, градинките, културата, одбраната, полицијата, јавниот сектор, а за 10% на лекарите специјалисти, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

— реклама —

Со зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари која важи за сите стопански гранки, 90.000 работници, наши сограѓани добиваат повисоки плати. Од месец април, со законското усогласување минималната плата е зголемена и сега изнесува 12.507 денари. Она што е многу важно, започнат е процес за ново покачување на минималната плата на 13.000 денари и зголемување на социјалната помош од над 300%.

Со економските мерки и отворената спирала за раст на платите просечната плата во февруари оваа година изнесува 24.192 денари што е за 4.5 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.

— реклама —

Зголемувањето на платите продолжува, очекувано е просечната плата до крајот на 2020 година да изнесува 500 евра или 30.000 денари. Покрај платите растат и пензиите. Просечната пензија од 2017 година до денес пораснала за 826 денари. Растот на пензиите продолжува согласно законските усогласувања. Зборот е збор, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Економските реформи и напредокот на државата во евроинтеграциите ја стабилизираа економијата и отвораат можности за засилен економски раст и развој. Како одговорна партија остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки плати, подобро платени и повисок животен стандард за сите граѓани на Република Северна Македонија, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања