Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Костадинов : СДСМ го објави огласот за претседатели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Демонстрираната одговорност пред граѓаните и донесените одлуки за промени се во функција на забрзување на напредокот на земјата, обезбедување подобри услови во општеството и подобар живот за сите наши граѓани, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Преку јавен, отворен повик, денеска започнува процесот на самокандидарање за претседатели на општинските организации на СДСМ, откако со одлука на претседателот сите претседатели на општинските организации беа разешени.

— реклама —

Ги повикуваме сите заинтересирани членови на партијата кои ги исполнуваат критериумите согласно правилникот за кандидирање и избор на претседател за општинска организација, да поднесат кандидатури.

— реклама —

Отворениот повик и критериумите се веќе објавени на веб страната на партијата и во печатените медиуми. Отворени сме за сите оние кои сакаат да се вградат во овие внатрешни и системски промени, оние кои уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивните средини ги повикуваме да се пријават на овој јавен повик.

— реклама —

Ги охрабруваме претседателите на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите повторно да се кандидираат.

СДСМ има огромен потенцијал. Да го впрегнеме заедно, целокупниот капацитет во интерес на граѓаните и иднината на државата, да им служиме уште подобро, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања