Гордана Сиљановска не само што е залутана во политиката, залепена зад деструкцијата на ВМРО- ДПМНЕ зборува против се и се што, па и против самата себе си. Канидатката на Христијан Мицкоски ги напаѓа политиките на првата Влада во независноста, против Владата во која токму таа била министерка, истакна Костадин Костадинов – портпарол на СДСМ и пратеник.
Сиљановска, во времето на транзицијата била министерка а нејзиниот сопруг токму во тоа време терал бизнис со „фри шоп“.
Сиљановска е пример за транзициски политичар според критериумите на нејзината ВМРО- ДПМНЕ.
Секојдневно се докажува, Сиљановска е нечесна и неискрена пред граѓаните, иста е како Иванов и Мицкоски.
Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, залутани во политиката да застанат на чело на државата.
Граѓаните на овие избори ќе изберат вистински претседател кој ќе работи во интерес на државата а не на париите, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на Република Северна Македонија, истакна Костадин Костадинов – портпарол на СДСМ и пратеник.