Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Костадинов: Синот на Иванов купил два стана,на атрактивна локација на Водно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Според јавно објавените информации, синот на Ѓорге Иванов купил два стана, над 200 метри квадратни, на атрактивна локација на Водно. Типично за сите нечесни политичари, молк по овие објавени информации.Со кои пари синот на Иванов купил два стана кога не е вработен? Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во нивните анкетни листови? И уште поважно, со кои пари ги купиле становите, бидејќи во анкетниот лист нема наведено ниту еден подигнат кредит?

— реклама —

Добро е што Државната комисија за спречување корупциија отвори предмет за овој случај. Мора да се расчисти до крај, јавноста заслужува одговори. Иванов припаѓа на нечесна политичка структура позната по нечесниот однос кон законите, уставот и граѓаните, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

На истата структура и припаѓа и Гордана Силјановска. Таа е горд застапник на деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Христијан Мицкоски.

— реклама —

Силјановска и Иванов и двајцата бранат насилсници и криминал, и двајцата работат против интересите на граѓаните и државата. Затоа на претстојните избори, граѓаните ќе изберат чесен и правичен претседател, ќе го изберат Стево Пендаровски.

Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе ја води државата напред и нема да дозволат нов Иванов во ликот на Силјановска кој ќе работи нечесно и спротивно на државните интереси, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања