Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Костадинов: Сите случаи на СЈО да се процесираат, одговорност за сите, како и за поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Институциите градат механизми што ги зајакнуваат капацитетите на правната држава.

Правдата, законите важат за сите подеднкаво и тоа е очигледно и јасно воочливо.

Катица Јанева е прв обвинител досега во земјава кој е во притвор како осомничена за злоупотреба на службената положба.

Тоа е нешто што беше незамисливо во времето на владеењето на ВМРО-ДПМЕ, кога голем дел од судиите и обвинителите кои беа во директна спрега со режимот на Никола Груевски.

„Сваровски“ судството и режимот на ВМРО-ДПМНЕ креираа систем на селективна правда и уривајќи ги сите  принципи на правната држава, со што придонесоа за исфрлање на нашата држава од европскиот колосек.

Денес, тоа е минато, наместо неправда, има правда за сите.

Случајот „Рекет“ и заминувањето на Катица Јанева од челната позиција во СЈО не ги амнестира од кривична одговорност поранешните носители на високи државни функции за сите криминали и злоупотреби што произлегоа од снимките од масовното прислушување.

Сите тие случаи мора да продолжат да се процесуираат и да добијат судска разврска за да има правда.

Северна Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво.

Секој за кого низ отворена судска постапка ќе се докаже дека постпаувал незаконски одговара согласно законите во Република Северна Македонија.

— реклама —

Амнестија нема и нема да има за никого, без разлика на неговата верска, етничка или политичка припадност.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања