Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Костадинов: Со ребалансот на Буџетот обезбедивме пари за санирање на здравствено -економските последици од коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
09-11-2020-Kostadinov

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е максимално посветена на санирање на економските и здравствените последици од коронакризата. Последен пример за тоа е усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 година. Со него, се обезбедуваат средства за реализација на четвртиот пакет мерки вреден 470 милиони евра, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Костадинов додаде дека обезбедиле силна помош за стопанството, но и за граѓаните кои се погодени од кризата. 70 милиони евра се наменуваат за поддршка на 83.000 работни места и субвенционирање на вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември во висина од 14.500 до 21.776 денари.

Обезбедени се сериозни средства за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, занаетчиите и вршителите на самостојна дејност.

Со 27,6 милиони евра ја стимулираме приватната потрошувачка преку платежни картички од 6.000 денари за 283.000 наши сограѓани.

— реклама —

Дополнителни 243 милиони денари се наменети за справување со здравствените последици од коронавирусот. Овие средства ќе бидат распределени за набавка на лекови, вакцини и тестови за ковид 19.

— реклама —

Во овие 243 милиони денари, вклучени се и средства во висина од 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од корона вирусот, во сите ковид центри низ државата.

— реклама —

Истовремено, со ребалансот се обезбедуваат и средства за финансирање 19 капитални проекти на локално ниво во десетици општини низ државата.

И во време на сериозна здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот, парламентарното мнозинство и Владата предводени од СДСМ континуирано работат на зајакнување на здравствениот систем и обезбедување силна поддршка за секој граѓанин и секоја компанија погодени со кризата, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања