Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Костадинов: Составот на раководството на ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека тоа е нереформирана, назадна партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
23-09-2020-Kostadinov

Составот на новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја потврдува деструктивната и антидржавна матрица во која е заглавено ВМРО-ДПМНЕ.  Во обид да си ја спаси фотелјата во белиот дворец губитникот Христијан Мицкоски си скрои извршен комитет составен од докажани деструктивци кои работат против интересите на граѓаните и државата, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник од СДСМ.

— реклама —

Костадинов додава:

Меѓу нив е и Гордана Димитриевска Кочовска, дополнителната заменичка министерка во преодната Влада.

— реклама —

По налог на нејзиниот шеф Мицкоски, Кочовска намерно блокираше заем од Светска банка во висина од 90 милиони евра, пари кои во најголем дел беа наменети за зајакнување на здравствените капацитети во борбата против коронавирусот.

Кога не блокираше заеми, Кочовска редовно пласираше лажни вести преку кои се обидуваше да внесе вознемиреност меѓу граѓаните.

Со таквото дејствување, Кочовска застана против интересите на граѓаните и државата, застана против здравствениот систем.

— реклама —

За целиот период во Владата како дополнителна заменичка министерка, граѓаните од Кочовска не видоа ништо освен деструкција и лажни вести.

Ништо не се менува во опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски а раководена од Будимпешта, останува нереформирана, назадна и деструктивна партија посветена на одбрана на криминалот во сопствените редови.

— реклама —

Со таквиот нечесен, незрел и неодговорен однос кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште долго остануваат во опозиција, истакна Костадинов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања