Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Костадинов: Срамни се лагите на Милошоски, не е достоен за функцијата пратеник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Screenshot_1-1

Антонио Милошоски симболот на лажните вести вчера уште еднаш ја посрамоти државата, Собранието, институциите и граѓаните. Милошоски ја злоупотреби собраниската говорница и пратеничките прашања, за бесрамно да шири лажни вести што и официјално беа демантирани, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Почесниот Конзулат на Белорусија во Република Северна Македонија официјално ја демантираше лажната вест на Милошоски дека наводно бизнисмен од Битола бил рекетиран и барал помош во Амбасадата на Република Белорусија во Белград, Република Србија.

— реклама —

За таквата бесрамна лага на Милошоски, во официјалното известување од Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија, јасно е наведено цитирам:  „Се што беше искажано се едноставно лажни вести“.

— реклама —

Ваквото однесување на Милошоски е неодговорно и недостојно на функцијата што ја извршува.

— реклама —

Но ова не е првпат Антонио лажни вести Милошоски да ја лаже и манипулира јавноста.

Неодамна, тој излажа дека дури седум земји членки на Европската унија биле против тоа нашата држава да ги започне преговорите со Унијата. Таа лага веднаш беше демантирана од високи претставници на ЕУ.

Лагите на Милошоски се срамни, го нарушуваат меѓународниот углед на државата и се спротивни на интересите на државата и на граѓаните.

Милошоски е срам за нашата земја и за граѓаните и нема дилема дека мора да замине од функцијата пратеник.  Милошоски мора да си даде оставка од функцијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува.

Потврдено е, дека од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат само лажни вести, невистини, измислени и конструирани случаи кои се против интересите на Република Северна Македонија  и граѓаните, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања