Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Костадинов: Три дена Христијан Мицкоски не одговора на што се должи неговата најава за повлекување од бизнисот со хидроцентралите?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Три дена Христијан Мицкоски не одговора на што се должи неговата најава за повлекување од бизнисот со хидроцентралите?

Јавноста, граѓаните многу добро знаат дека Државната комисија за спречување на корупција веќе има отворено предмет за неговите бизниси со хидроцентрали. Особено имајќи предвид дека Мицкоски беше советник на Никола Груевски за енергетика.  Во 2015 година, конзорциумот во кој удел има Мицкоски, од владата на осудениот криминалец во бегство Никола Груевски добива 33 илјади метри квадратни за иградба на хидроцентрала, истакна Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Во втората половина на 2017 година во конзорциумот „Минка-Енерготек“ била направена промена во сопственичката структура, со пренос на уделите, со што  „Енерготек ДОО Скопје“ на Мицкоски во конзорциумот имал удел од 99 отсто.

Втората фирма од овој конзорциум, како посебен правен субјект (Минка ДА) пак се уште се води како должник на државата, со неплатен данок по основ на ДДВ во висина од околу 200 илјади евра.

— реклама —

Што е тоа што Мицкоски го плаши за да одговори на јавно поставените прашања?

— реклама —

Јавноста и граѓаните очекуваат одговор, истакна Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања