Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Костадинов: ВМРО - ДПМНЕ го крши Деловникот, бега од можноста да се изврши надзор врз договорите во изминатите 10 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_4359

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска од ВМРО- ДПМНЕ денеска  грубо, најгрубо го прекрши Деловникот на Собранието и постапи спротивно на своите надлежности и овластувања, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Кузмановска, спротивно на процедурата и на одлуката на мнозинството, членови на Комисијата за финансирање и буџет, за промена на насловот на Иницијативата за надзорна расправа, таа одлучи да го прекрши Деловникот и да ја стави иницијативата со стариот наслов.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ, ќе повторам, бега од можноста да се изврши надзор врз договорите во периодот од 10 години наназад.

— реклама —

Ние, како пратеничка група на СДСМ со коалицијата, апсолутно немаме никакви дилеми и се согласуваме со таквата иницијатива, но не смееме да дозволиме, ниту смееме да го нарушиме дигнитетот на Собранието и нашиот како пратеници, надзорната расправа како институт да се користи исклучиво за популистички, теснопартиски цели, а се со една намера, оцрнување на граѓаните.

— реклама —

Ја повикуваме претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, веднаш да ја закаже Комисијата за финансирање и буџет и да ја стави иницијативата за одржување надзорна расправа со видоизменет наслов за што постои и одлука на Комисијата за финансирање и буџет.

Во интерес на јавноста, насловот гласи вака:

„Имплементација на Законот за јавни набавки Член 23, што всушност може да го видиме и во самото барање поднесено од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ – за склучените договори за консултантски, адвокатски и нотарски услуги со Владата и органи на државната управа, како и препријатија во целосна, доминантна и делумна сопственост на државата во измнинатите 10 години“.

Почитувани граѓани, на крај, би сакал да ве информирам дека не е проблем за ВМРО-ДПМНЕ што не го прифати насловот, суштината не е во насловот. Суштината лежи во десетте години кои бараме да бидат предмет на надзор, а се со цел граѓаните навистина да дознаат какви се договори склучувале директорите и функционерите кои во тоа време биле поставени во институциите.

Повторувам и охрабрувам, да не бегаме од увидот на јавноста. Во име на транспарентноста, во име на подигнување на демократските вредности и принципи во ова Собрание на Република Северна Македонија, да ја свикаме комисијата и заеднички, да го ставиме на гласање, да го почитуваме Деловникот и она што значи одлука на Комисијата и во име на граѓаните да постапиме и надзорната расправа.

Навистина да се одржи, но да има суштина и да има јасна определена цел.  Ние, како политичка партија со коалицијата секогаш сме поддржувале, ќе поддржуваме и охрабруваме што повеќе да се користат институтите кои што располагаат во ова собрание, а се со цел и во име на транспарентноста на демократијата во нашата Република Северна Македонија, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања