Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во медиумите, сака да ги зачува своите партиски кадри во МРТ и АВМУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Илија Димовски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидуваат да ги блокираат реформите во медиумите. Димовски кој е претседател на Комисијата за избори и именувања, упорно одбива да закаже седница на која ќе започне јавна и транспаретна постапка за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и членови на Програмскиот совет на МРТ, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ свесно веќе неколку месеци го кочи  изборот на членови на Советот на АВМУ и програмскиот совет на МРТ и свесно ги кочи медиумските реформи. Очигледно дека единствената цел за таквото однесување е зачувување на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ во АВМУ и МРТ кои доведоа до катастрофалната состојба со медиумите во која беше нашата држава.

— реклама —

За потсетување, состојбата во МРТВ е единствена критика од Извештајот на Европската комисија, а потребата од реформи во јавниот сервис е нотирана и во извештајот на Репортери без граници.

— реклама —

Од друга страна, директорот на АВМУ кој патем е и некогашен советник од ВМРО-ДПМНЕ јавно ширеше лажни вести кои официјално беа демантирани од страна на Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за реформата на медиумите и унапредување на демократските вредности во државата

Од таа причина,  Илија Димовски и ВМРО-ДПМНЕ мора да го почитуваат законот и постапката за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ и седницата да започне веднаш, да ја свика и да започне расправата.

Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања