Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Костадинов : Зборот важи, усвоен е Законот кој обезбедува поврат на 15 отсто од ДДВ за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Зборот важи. Реализираме клучна мерка од Програмата, клучно ветување дадено пред граѓаните. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Законот за враќање на дел од платениот данокот на додадена вредност на физичките лица.

— реклама —

Веќе од понеделник, први јули започнува реализацијата на проектот за поврат на 15 отсто од платениот Данок на додаден вредност за граѓаните.

Секој граѓанин над 15 годишна возраст со важечка лична карта и трансакциска сметка ќе може да изврши поврат на 15 отсто од ДДВ, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

— реклама —

На тој начин, секое семејство ќе добие дополнителен приход на крајот на годината. Само со оваа мерка, државата за првпат ќе врати околу 50 милиони евра годишно директно кај граѓаните. Како одговорна партија остануваме посветени на заложбите за намалување на трошоците и повеќе пари кај секое семејство. Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

— реклама —

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања