Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Костадинова Стојчевска: Македонскиот јазик не се чува со кратење на буџетот за инспекторатот за македонски јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
Minister-Bisera-Kostadinovska-Stojchevska-768x512-1

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во образложението на амандманот за зголемување на буџетот за инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, пред собраниската комисија за финансирање и буџет, истакна дека со предложениот буџет се оневозможува функционирање  на инспекторатот.

— реклама —

Во буџетот за 2026 година средствата во однос на буџетот од 2025 година се намалени на 620.000 денари, што практично го намалува функционирањето на инспекторатот, рече Костадиновска Стојчевска и побара буџетот за оваа институција да се врати на износот од 2.033.000 денари, колку што изнесуваше во буџетот за 2025 година.

— реклама —

-Со намалениот износ не е можно да се обезбеди вработување на потребниот број инспектори и административен кадар, извршување на редовни активности на терен, опремување и тековно функционирање на институцијата, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека инспекторатот за употреба на македонскиот јазик е нова институција, основана врз основа на законот за употреба на македонскиот јазик, чија цел е да го следи спроведувањето на законските обврски во инситутциите, образованието, културата и јавниот простор.

Костадиновска Стојчевска побара поддршка од сите пратеници за овој амандман.

— реклама —

Барам поддршка за оваа институција да може конечно, откако е формирана во 2024, да профункционира, затоа што откако е воспоставена, нејзиниот буџет само се крати, а со тоа не се покажува вистинска грижа за зачувување, унапредување на македонскиот јазик, нагласи пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во обраќање пред собраниската комисија за финансирање и буџет.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања