Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Костанинов: Да се издигнеме над партиските интереси во интерес на воспоставувањето на правната држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Костадин Костанинов, портпарол на СДСМ и пратеник на денешната пресс конференција одговараше и на новинаски прашања. На прашањето: Синоќа ги слушнавме ставовите на тимовите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, прилично спротивставени ставови околу СЈО, има ли шанса овој процес, особено пред добивањето на извештајот од Европската комисија и очекуваниот датум за преговори, односно паузата којашто треба да следи во Собранието поради претседателските избори?

— реклама —

Костанинов одговори: Околу какви било прогнозирања за тоа дали има шанса или нема шанса, јас можам само да порачам дека треба да се издигнеме како политички партии над теснопартиските интереси во интерес на воспоставувањето на правната држава и во интерес на воспоставување на независни правосудни ограни. Сега останува на ВМРО-ДПМНЕ, имаат време до четврток додека да отпочне амандманската расправа да размислат дали навистина ќе се водат од нашите интереси за нашата европска интеграција и НАТО интеграцијата или ќе останат како што тоа го правеа и досега да бидат на страната на криминалот во обид на амнестија на сите криминалии на претходната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има јасни недвосмислени принципиелни ставови во однос на правосудните органи во државата исто и во однос во законот за Јавното обвинителство, истакна Костадин Костанинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања