Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Костовски го испрати во историја противкандидатот од Бутел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

DarkoKostovski03102021

,,Велимир Смилевски за неколку дена ќе стане историја. За жал темната страна на историјата, затоа што е најнеспособниот градоначалник досега во Бутел.” – ова денес го истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ за општина Бутел, Дарко Костовски.

Костовски рече дека Смилевски секојдневно ја губи поддршката кај Македонците и Албанците, Турците, Власите итн и токму поради тоа се наоѓа во паника и се занимава со ширење на лажни информации кои потоа ги пласира во јавноста.

— реклама —

,,Пред неколку дена Смилевски објави дека огранокот на политичката партија Алтернатива се приклучил кон него, за да само еден час потоа официјалниот претставник на Алтернатива го демантираше тоа. Деновиве и монтира одредени видеа со кои што сака да сее меѓуетничка нетрпеливост и верувајте дека тоа нема да му помине, затоа што бутелчани се мудри.” – рече Костовски.

— реклама —

Тој му порача на неговиот противкандидат од СДСМ Велимир Смилевски кога веќе ништо не направил за општината и жителите, барем да не им наштетува и да не го загрозува нивниот мирен соживот затоа што ниту тој, ниту пак неговите деца живеат на територијата на општина Бутел.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања