Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Костовски: Ќе ги реконструираме сите игралишта во дворот на ОУ Ацо Шопов, ова ќе биде убав спортски комплекс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
darko16042022

Мило е што денеска се собраа толкав голем број на луѓе на овој настан, недела за недела, викенд за викенд да отвориме уште едно модерно баскет игралиште кад е што ќе можат најмладите, учениците од ООУ Ацо Шопов, но и сите граѓани од населеното место Радишани да се забавуваат на едно модерно баскет игралиште стандардизирано според ФИБА стандарди за баскет три на три, вели градоначалникот Дарко Костовски.

„Ова игралиште е во вредност од некаде околу 2.3 милиони денари и навистина станува збор за еден велелепен проект кој што ќе даде еден убав момент за дружба на сите луѓе во ова населено место.

— реклама —

Се наоѓаме во дворот на училиштето Ацо Шопов, веднаш до нас има и едно тениско игралиште кое што малку е во застарена форма и едно фудбалско игралиште кое што е од многу одамна изградено, тоа е од пред 20на години и во наредниот период убеден сум дека ќе ги реконструираме сите овие три игралишта и ќе добиеме еден убав квалитетен спортски комплекс.

Спортот и тоа како е една битна работа, битна карика за да се развива едно општество квалитетно, Бутел е спортска општина но каскаме морам да си признам со спортската инфраструктура и во таа смисла јас и мојот тим си дадовме за цел да работиме за да ја поправиме спортската инфраструктура и по тоа да бидеме предводници на државно ниво здравје боже.

— реклама —

И не само во однос на спортот, на 50на метри од тука се наоѓа и реката Серава каде што уште на самиот почеток на мандатот ја исчистивме, во моментов се проектира изградба на ново корито и нова трим патека и на некој начин овој дел од Бутел ќе добие сосема една нова слика.

— реклама —

И она што исто така е битно и во овој момент би сакал да го спомнам е дека во соработка со Министерството за Образование одвоени се сериозни средства за доградба на ООУ Ацо Шопов и конечно да го надминеме оној проблем со дечињата кои што немаат каде да се сместат после часовите.

Така да, би било вака на кусо и уште еднаш ви благодарам што дојдовте и сосема на крај голема благодарност е што денеска тука заедно со нас е и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски кој што знае на вистински начин да не измотивира сите како градоначалници да го сработиме она што го ветивме па и малку над тоа“, додава тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања