Костовски: Мојот другар Јован е пратеник во Собранието да го гласаме сите; Мицевски: Се рушите како кула од карти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
jnkjnk

Пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски го предложи Јован Митрески од Струга да биде нов претседател на Собранието. Тој го прикажа Митрески како државник, пратеник кој овозможил државата да оди напред. Ги наброја успесите кои ги имал во Струга, како и дека е лице со интегритет.

— реклама —

„Мојот другар Јован е пратеник во Собранието. Јован го унапреди дијалогот во Собранието. Тој покажа дека е возможно да се врати дијалогот. Ова е возможно ако во Собранието седат пратеници како Јован Митрески“, кажа меѓудругото Костовски.

— реклама —

На ова реплицираше координаторот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

— реклама —

„Денес е голем ден, ден кога оваа власт, дел од дел, функционер по функционер, да се руши како кула од карти. Процес кој почна вчера, а денеска продолжува. Денес може да зборуваме само за парламентарен дом, кој е цел на меѓупартиски договори. Нема европско Собрание, не видовме место каде преку дебата ќе се носат решенија кои ќе го подобрат животот на граѓаните“, кажа Мицевски.

Точка на дневен ред е гласање за нов претседател на Собранието, откако Талат Џафери поднесе оставка за да го гласаат за технички премиер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања