Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Костовски му одговори на Села: „Во Бутел нема место за бандити“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryd3dc5n7fiqcn2NpuTil

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, реагираше на објавата на Зијадин Села, во која тој напишал дека Бутел бил следен, упатувајќи му порака дека општината нема да биде освоена со закани и уцени.

— реклама —

„Да, следен уште потежок нокаут од кој што свират ушите шест месеци! Бутел не е плен, ниту има место за бандити што хараат и секој зелен агол го гледаат како нова зграда“, напиша Костовски.

— реклама —
— реклама —

Тој порача дека жителите на Бутел не ги прифаќаат уцените и заканите, додавајќи дека иселениците нема да се вратат само за да ги поддржат, како што ги нарече, „вечните политичари и лидери“.

Костовски наведе дека во минатото во населбите недостигале основни услови, како вода за пиење, асфалтирани улици, градинки, училишта и паркови, а посочи дека сега се градат.

„Експресниот развој на општина Бутел секако нема да биде спречен од луѓе со манири од 19 век. Најважно, математика многу слабо. Многу!“, порача Костовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryujg4o8f6bhd89vh2A6X

(Фото) Комунална хигиена-Скопје колабираше? Депонии по домови во Бутел

Скопје | пред 1 година

— реклама —
media-librarycodc4574q33efLnSpil

„Што ти пречи оџа“: Градоначалникот Костовски го прозва имамот кој среде молитва ги повикал верниците да не гласаат за него

Скопје | пред 1 година

media-librarysldi97ofvvrp3BpP55E

Костовски: Мега проект во општина Бутел, потпишан договор за нова модерна поликлиника

Скопје | пред 1 година

528638447_1234337865374551_7145224522103510401_n

Костовски: Д-р Никола Божиновски е нов претседател на Советот на Општина Бутел, убеден сум дека ќе имаме одлична соработка

Слајдер | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања