ВО ЖИВО

Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски

Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Костовски револтиран од изборот на најдобар спортист: Налик приватна забава со еден куп намерни грешки, убивање на национален дух и пазарџиски договори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
darko-kostovski-dejan-georgievski

Дали можеби Ви пречиме затоа што се што правиме е за неа, дали можеби Ви пречи нашата љубов према Македонија, таа љубов е носител на најголемиот спортски успех во независна Македонија“, вели градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

— реклама —

„Вечерва во налик на приватна забава со еден куп намерни грешки, убивање на национален дух, пазарџиски договори и елементарно незнаење се одржа изборот за најдобар спортист на Македонија во организација на АМС

Најнапред како за пример би посочил дека на ниту еден избор за најдобар спортист од како што постојат до денес, еве не мора подалеку да ги земеме околните држави, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија па и Југославија никогаш не се ни споредувале неолимписките успеси со олимписките а камо ли грешно да се одлучи. Врвен спортски резултат е оној кој што е постигнат во олимписки спорт. Секогаш, ама баш секогаш најдобрите спортисти, тренери во погоре споменатите избори за најдобри спортисти доаѓале од олимписки спортови. Што и да додадам понатака е илузорно.

— реклама —

На годинешниот избор за најдобар спортист два врвни резултати кои се мечуваа беа првата историска бронза од финално ГРАНД ПРИ на Дејан Георгиевски и европското злато на Егоров во Борење. Два резултати кои во секоја смисла на зборот се за врвна почит и тука дилема нема. Нијанси можеби решаваат кој е поголем.

Дејан Георгиевски е наш домашен производ, кој работел, тренирал, тагувал, се радувал тука под домашни македонски услови, чист македонски производ кој покажа дека и од нашите македонски услови може да се покорат олимписките велесили како САД, Кореа, Куба, Британија и тн. Македонски спортист кој во континуитет е во самиот врв на еден олимписки спорт, пример кој досега го немало во самостојна Македонија.

Егоров е врвен борач, со апсолутно респектабилни успеси, но е натурализиран македонец со првично Руско државјанство, човек кој не излегол од македонските школи за борење, спортист кој практично нема ништо со македонскиот спорт. Човек кој живее, работи, тренира секаде само не во Македонија.

Иако Дејан Георгиевски беше прворангиран, вечерва Вчадимир Егоров беше прогласен за спортист на годината и искрено му честитаме.

Но, она што сакам да го истакнам е тоа дека Дејан Георгиевски и Владимир Егоров имаа слични резултати, едниот домашен наш производ другиот не, нашиот производ не е прогласен за најдобар и оваа година како лани, да се разбереме не треба никој да го прогласува за ние да знаеме дека Дејан е најдобар не само годинава, туку во олимписката историја на независна Македонија.

Зошто Дејан не треба да е и оваа година најдобар спортист !?

Каква порака вечерва се испрати на младите македонски спортисти кои сонуваат за врвни олимписки резултати, кој повеќе се цени нашиот домашниот спортист или некој што нема допир со Македонија !?

Да имаше драстична разлика помеѓу резултатот на Егоров со вториот резултат по него, разбирливо би било, но вака !?

Уште еден парадокс, Дејан Георгиевски бронза финале ГРАНД ПРИ олимписки спорт, европски шампион на клубско европско првенство, Филип Додевски петти на светско првенство во олимписки спорт, Дејан прворангиран спортист за најдобар спортист годинава, а Борче Костовски нивниот главен тренер не беше ниту номиниран за најдобар тренер оваа година, кој толку се исплаши и зошто и оваа година Борче Костовски да биде најдобар тренер во Македонија !?

Не е првпат да не минираат, во 2017 на Дејан Георгиевски му го оспорија првото злато на европско првенство во олимписки спорт за Македонија како независна држава.

Сето ова изгледа ќе мораме да го засениме со уште еден, или можеби два олимписки медали иако до олимписките игри во Париз оние кои сега бираат веќе ќе бидат минато и искрено се надевам дека многу работи во македонскиот спорт коренито ќе се променат !

Одиме понатака, ЗА МАКЕДОНИЈА“ вели тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања