Котевска, Стефанов и Георгиев од „Медена Земја“ поканети за членови на Академијата која доделува Оскар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Магазин
medena-zemja-1

Режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, како и продуцентот и монтажер на македонскиот документарен филм „Медена Земја“, Атанас Георгиев, се поканети да бидат членови на Американската академија за филмски уметности и науки.

— реклама —

Академијата е светски препознатлива како телото кое доделува Оскар, најпрестижната филмска награда во светот.

Во „Класата 2020 година“ Академијата покани вкупно 819 филмски професионалци за нови членови. Оние кои ќе го прифатат членството ќе имаат можност да гласаат во изборот на следните добитници за наградата Оскар.

— реклама —

Оваа година од Академијата соопштија дека воделе особено внимание за зголемување на бројот на жени и припадници на етничките и расните малцинства кои ќе бидат дел од оваа институција. Од сите примени 45% се жени, а 36% се припадници на етнички и расни заедници кои досега беа застапени многу малку во Академијата. Половина од новопримените членови доаѓаат надвор од Соединетите Американски Држави, а застапени се филмски професионалци од 68 различни држави.

„Медена Земја“ оствари историски успех за земјава со двете номинации за Оскари, во категориите за најдобар странски филм и најдобар документарен филм. Истовремено македонскиот филм стана единствен документарец во историјата на овие награди кој истовремено бил номиниран и во категоријата за најдобар странски филм.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања