Христијан Мицкоски го нарачува ова, рече премиерот Димитар Ковачевски за аферата „Броило“. Тој бара извинување од Мицкоски и пратениците. Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кажа „Аферата броило ни покажува како мала група длабоко вгнездена во највисоките структури на власта тргувала со влијание за стекнување на сопствена корист. Премиерот и дезертер Димитар Ковачевски и неговиот кум Горанчо Паунов, ја основале Пиксел груп на 3.11.2017 година, 5 месеци откако СДС прави влада. Значи Заев е премиер, а СДС власт, веднаш потоа Ковачевски станува и заменик министер за финансии“.
На ова премиерот вели:
„Тоа е очаен обид на опозицијата да го сврти вниманието од корупцискиот скандал за нивниот претседател, за местење тендер. За неоснованите прес-конференции кои ги држат вчера и денес, јас сум човек кој пријавил се што поседува. Мојата биографија е достапна. Се што сум работел било најтранспарентно, можете вие како медиуми можете да најдете како функционирале копаниите каде сум бил директор, основач. Во таа фирма, Пиксел груп, каде сум бил основач, сум го повлекол влогот. Јас таму немам интереси, обврски во врска со работењето на компанијата. Немам обврски кон таа компанија“, кажа Ковачевски.
„Јас сум две недели нападнат од ВМРО-ДПМНЕ. За првата лага се обратив од Собранието, а за ова треба да се извинат. Јас 22 години сум работел во приватен сектор. Не може да се прават конструкции за тоа како функционираат компании. Дали ќе има тужби или не, не зависи од мене, но сметам дека тоа треба да го направат“, додаде Ковачевски.