Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски бега од избори и за да може неговиот кум и фирмите уште некој месец да се шират низ Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Ковачевски и Зечевиќ се плашат од избори, бегаат зошто го штитат криминалот и тендерите, но не демантираат дека пратениците им бараат избори, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ковачевски и Зечевиќ бегаат од избори, така ги штитат тендерите и броилата за профити, се повеќе пратеници од СДС се свесни дека изборите се решение. Ковачевски и Зечевиќ знаат дека во СДС повеќе се за избори, зошто не гледаат излез во нивните политики кои ја донесоа Македонија во ќорсокак.

— реклама —

СДС не демантираше дека пратениците бараат избори, зошто нема што да се демантира се е вистина.

Ковачевски и Зечевиќ се осамени, тие си ги штитат своите кариери, зошто знаат дека народот нема да ги избере на избори, а потоа ќе треба и да одговараат.

— реклама —

Ковачевски бега од избори и за да може неговиот кум и фирмите од неговото потесно семејство уште некој месец да се шират низ Македонија.

— реклама —

Ковачевски и Зечевиќ од себични, лични и профитерски причини бегаат од избори. Македонија е заложник на нивните кариери и на нивните газди од Зајас и Струмица“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања