Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски да одговори какви барања доби од тиранската средба, дали следат нови национални предавства, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
17062022_PVRSM_Kovacevski_obrakaje-na-Prespa-Forumot_1

Пиунот Димитар Ковачевски ја пофали тиранската средба, а со тоа потврди дека оваа средба е на негово барање за спас на неговата и кариерата на Али Ахмети, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Наместо осуда за тоа што националните интереси се дискутираат во други држави, Ковачевски со ловорики зборуваше за тиранската средба.

— реклама —

Но, граѓаните бараат одговори. Што е договорено на оваа средба и какви отстапки ќе прифати Ковачевски се со цел да си ја задржи фотелјата на Илинденска.

— реклама —

Дали Ковачевски треба да прифати нови предавства на штета на националните интереси, или на оваа средба Али Ахмети и Еди Рама му испорачаа нови бизнис интереси кои пиунот Ковачевски беспоговорно ќе мора да ги прифати.

Димитар Ковачевски и СДС мора да одговорат каква агенда и план разработен на оваа средба добиле на маса за продолжување на агонијата и тонењето на Македонија?

— реклама —

Овие средби кои се организираат Ковачевски и Ахмети немаат никаква врска со положбата на Албанците во Македонија, туку само и само за криминалните интереси и богатење на поединци од власта на СДС и ДУИ.

— реклама —

Свесни се Димитар Ковачевски и Али Ахмети дека секој ден се повеќе ја губат довербата од граѓаните, па затоа се решени да направат се само да купат ден повеќе на политичката сцена.

Граѓаните не заслужуваат повеќе предавства од страна на оваа антидржавна власт на СДС и ДУИ, и за тоа ќе доживеат дебакл на следните предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања